На 20 години ми открија рак на градите, да не ме оперираа веднаш, денес немаше да сум жива: Анабела Атијас првпат раскажа за борбата со туморот

На 20 години ми открија рак на градите, да не ме оперираа веднаш, денес немаше да сум жива: Анабела Атијас првпат раскажа за борбата со туморот

пред 2 години

Српската пејачка Анабела Атијас на 20 години дознала дека има рак на дојката. Во интервју за „Пинк“ таа откри дека откако дознала за болеста, направила операција во Шведска, а само брзата реакција ѝ го спасила животот.

„Имав само 20 години кога дознав дека имам рак. Некако во тоа време слушнав разговор на мои пријатели кои зборуваа за мамографија и преглед на дојките. Едната од нив, малку постара, рече дека контролата е многу важна. Ми остана во главата тој разговор и јасно се сеќавам на моментот кога почувствував грутка во градите. Тој петок се вратив од дискотека, отидов да се истуширам и почувствував грутка. Во понеделникот веднаш отидов на преглед, направив биопсија и ми закажаа операција за три дена“, ја почнала Анабела приказната за борбата со ракот.

Таа рекла дека во Шведска не се закажуваат лесно операции, но таа имала голема среќа.

„Денес кога сфаќам колку брзо ме оперираа, јасно ми е дека не сакаа да ризикуваат да се влоши состојбата. Докторот кога ме оперираше ми кажа дека е среќен што се заврши толку брзо бидејќи веќе почнало да се шири и да преминува во лоша состојба. Да не ја фатев болеста на време, денес немаше да сум жива. Само брзата реакција на докторот ми го спаси животот. Но и контролата е подеднакво важна. За среќа, не одев на хемотерапија, имав само хормонска терапија. Пет години по операцијата важно е постојано да се контролира болеста, а ако по пет години нема ништо, тогаш нема можност да се повтори“, рекла таа и додала дека сега е многу повнимателна за нејзиното здравје.

„Секогаш реагирам кога нешто ќе забележам оти го познавам своето тело повеќе од порано. Знам како изгледаат тие опасни грутки, знам дека не болат и дека се многу тврди и дека се разликуваат од другите. Не треба да доживуваме стрес на секоја грутка во нашето тело, но треба да бидеме внимателни, а јас станав многу повнимателна. Неодамна поминав низ нов пекол, кога резултатите на гинеколошкиот преглед не ми беа добри.

„Редовните посети на гинеколог се многу важни. Често правам пап тест затоа што еднаш ми се случи да се разболам и докторот исто така брзо реагираше. Да не го направев тој тест можеше да се претвори во тешка болест, а сите знаеме како почина нашата колешка Дона Арес. Ретко се случува жените да ја забележат оваа болест на почетокот, а кога е во поодмината фаза е предоцна. Проблемот е затоа што многу жени чекаат да ја почувствуваат промената, а потоа одат на лекар, а потоа тешко се лекува. Жените немаат навика да одат на редовни прегледи и тоа треба да се промени. Според мене тригер е стресот, потоа доаѓа до пад на имунитетот и тогаш сме најподложни на болести. Ако еден човек оди и се провери по ова мое интервју, ќе бидам среќна, тоа е и мој и ваш успех“, рекла Анабела во разговорот.

Share
Scroll to Top