ЕУ ќе воведе санкции и за ќерките на Путин, на удар семејството на рускиот претседател

ЕУ ќе воведе санкции и за ќерките на Путин, на удар семејството на рускиот претседател

пред 3 години

Во новите санкции кои Европската Унија би и ги нанела на Русија би можеле да се најдат и ќерките на рускиот претседател Владимир Путин. „Волстрит журнал“ пренесе дека по руската инвазија врз Украина, покрај големиот број руски олигарси, сега на удар ќе биде и семејството на Путин.

„Европската унија предложи санкционирање на двете ќерки на претседателот Владимир Путин. Според дипломатите запознаени со планот, наредниот чекор ќе ги додавање на членовите на потесното семејство на рускиот лидер на растечката листа на санкционирани лица како одговор на руската инвазија на Украина“, е наведено во текстот.

Путин не зборува јавно за семејството. Тој со поранешната сопруга Људмила има две ќерки, пренесе Кремљ, но засега не е познато дали покрај нив, рускиот лидер има и други деца.

Иако не е познато и тоа дали неговите ќерки имаат имот надвор од Русија, во иднина секој потенцијален луксузен живот што би можеле да го водат во Европа, сега ќе биде отежнат.

Оваа информација доаѓа во време кога Г7 земјите од ЕУ и САД се договорија да ги забранат сите нови инвестиции во Русија, како дел од новата економска одмазда против Путин.

Новите мерки ќе ја прошират и мрежата на санкции против руските банки и државните компании и имаат за цел да ги осакатат владините службеници и членовите на нивните семејства.

Се верува дека покрената најновата рунда санкции е поради наводите за геноцид и воени злосторства против украинските цивили во Буча во близина на Киев.

Share
Scroll to Top