Британската влада најави нов пакет санкции против Русија како одговор на „ужасните напади врз цивили“, пренесува „Скај њуз“.
Обединетото Кралство најави дека ќе го прекине целиот увоз на руски јаглен и нафта до крајот на оваа година.
Покрај тоа, Британија ќе ги замрзне сите средства на Сбербанк, најголемата руска банка и ќе стави крај на сите британски инвестиции во Русија.
Новите санкции беа објавени неколку минути откако САД објавија нов пакет санкции, кои ги опфаќаат Сбербанк, Алфа банка, инвестициите во Русија и руските функционери и членови на нивните семејства, вклучително и ќерките на Владимир Путин и сопругата и ќерката на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј, Лавров.