Градоначалникот на Днепар: Цивили, евакуирајте се додека можете

пред 3 години

Во видео обраќање, градоначалникот на Днепар, Борис Филатов, рекол дека секој кој не е директно вклучен во работа на клучната инфраструктура треба да го напушти градот и да оди на побезбедно место на запад.

Како причина тој го навел влошувањето на ситуацијата во Донбас, регион во источна Украина на кој руските сили се фокусираат по повлекувањето од северна Украина, пренесуваат агенциите.

„Жените, децата и постарите треба да се евакуираат од Днепар додека можат“, кажал градоначалникот.

Имено, на истокот на Украина расте стравот од интензивирање на конфликтот.

Слична препорака за евакуација на цивили дале и украинските власти на истокот на земјата, во Луганск и Доњецк, пишува Ројтерс.

Share
Scroll to Top