(Вознемирувачко видео) Со ракети погодена железничка станица за цивилна евакуација во Украина, загинаа најмалку 30 луѓе

пред 3 години

Железничка станица што се користи за евакуација на цивили во источна Украина, наводно, била погодена од два руски проектилa, изјави шефот на украинската државна железничка компанија одавајќи дека има жртви.

„Ројтерс“ цитира и изјави од украинската државна железничка компанија според кои повеќе од 30 луѓе загинале, а над 100 се ранети.

На социјалните мрежи е објавена и вознемирувачка снимка од местото по наводинот напад.

$bp(“Brid_49408183”, {“id”:”26456″,”width”:”800″,”height”:”400″,”video”:”988783″,”autoplay”:0,”shared”:true});

Украинскиот гувернер на Донецк, Павел Кириленко, изјави дека илјадници цивили биле на станицата во обид да се евакуираат во побезбедните области на Украина, пренесува „Ројтерс“.

Претседателот на украинските железници, Олександар Камишин, на „Телеграм“ напиша дека е погодена железничката станица во градот Краматорск во Донецк.

Градскиот совет на Краматорск ги предупреди луѓето да останат во засолништата.

Краматорск се наоѓа во источна Украина и беше едно од првите места кои беа нападнати од руската армија кога беше започната инвазијата на Украина на 24 февруари.

Share
Scroll to Top