Руските сили истрелаа ракети врз украинските региони Луганск и Днепар, при што целосно е уништен аеродромот во градот Днепар, а најверојатно има и жртви, соопштија украинските власти.
Валентин Резниченко, гувернер на централниот украински регион Днепропетровск, изјави дека екипите на брзата помош бараат потенцијални жртви во погодениот објект во градот Звоњецки, додавајќи дека подоцна ќе соопшти детали за жртвите.
„Проектили во текот на ноќта ги уништија базата и штабот на баталјонот во Звоњецки, кои неодамна добија засилување во форма на странски платеници“, соопшти руското Министерство за одбрана.
Резниченко преку „Телеграм“ соопшти дека бил нападнат и аеродромот во градот Днепар.
„Аеродромот е уништен, како и околната инфраструктура. Ракети постојано паѓаат“, посочи тој.
Резниченко претходно изјави дека едно лице е повредено во напад со ракети на Днепар, односно дека бил предизвикан пожар кој на крајот бил изгаснат. Тој додаде дека проектил погодил зграда во областа Павлоград.
„Ројтерс“ не можел да ги потврди информациите од независни извори.