Австрискиот канцелар прв европски лидер што ќе се сретне со Путин по инвазијата

пред 3 години

Австрискиот канцелар в понеделник во Русија ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. Карл Нехамер утре ќе отпатува за Русија, изјави за „Ројтерс“ портпаролот на австриската влада.

Нехамер вчера беше во Киев и се сретна со Зеленски.

Така, тој ќе биде првиот европски лидер што ќе се сретне со Путин во Москва од почетокот на руската инвазија на Украина на 24. февруари.

„Тој ќе отпатува откако за тоа ги информира Берлин, Брисел и украинскиот претседател Володимир Зеленски, за да го поттикне дијалогот“, рече портпаролот.

Share
Scroll to Top