ВМРО-ДПМНЕ: Владата да намали со трошењата за да има пари за повисоки плати на вработените во образованието

пред 3 години

Во услови на галопирачки раст на трошоците за живот, легитимни се барањата на вработените во образованието, науката и културата за повисоки плати. Дотолку повеќе што согласно колективните договори тие треба да добијат нивелирање на платите и не смеат да добиваат примања кои се малку повисоки од минималната плата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Потценување на интелигенцијата на граѓаните е образложението на владата администрирана од Ковачевски дека нема пари и дека покачувањето на нивните плати ќе предизвика инфлација, ако се има предвид дека Владата изминатиот период потрошија милиони евра на набавки на цвеќиња, фстаци, позлатен прибор, службени возила, или за криминални тендери, студии и семинарски трудови.

Граѓаните се соочуваат со огромен пораст на трошоците за живот. Инфлацијата само во месец март е 8,8%, а за година дена цената на горивата се покачи за 70%, на струјата за 30%, на парното за 15%, на лебот за 110%, а на сите останати основни намирници е покачена за 30-50%.

Владата треба да скрати од непродуктивните трошења и да ги прекине криминалните шеми и така ќе има пари за повисоки плати на граѓаните кои чесно работат и едвај врзуваат крај со крај, се вели во соопштението.

Share
Scroll to Top