Иако биле поканети Вилијам и Кејт одбиле да дојдат на свадбата на синот на Бекам

пред 3 години

Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон иако биле поканети одбиле да присуствуваат на свадбата на Бруклин, најстариот син на Девјид и Викторија Бекам. Тие одбиле да присуствуваат и покрај тоа што Бекамови беа на нивната венчавка во 2011 година.

„Дејвид и Викторија им пишаа на Кејт и Вилијам и ги поканија како семејство на свадбата на нивниот син. Вилијам им одговори дека им посакуваат многу среќа, но и дека не можат да дојдат“, рече извор близок до нив за Daily Mirror.

Дејвид и Викторија присуствуваа и на венчавката на Хари и Меган во 2018 година, кои пак не беа поканети. Ова ги изненади сите затоа што модната дизајнерка е блиска со Меган и откако кралската двојка се пресели во САД, тие често се дружат, пренесоа медиумите.

„Историјата на Дејвид со Вилијам и Кејт е подлабока. Тие беа одличен избор за гости на венчавката“, додаде изворот.

За потсетување, најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам викендов се венчаше со ќерката на милијардерот Нелсон Пелц. Свадбата се случи на имотот на семејството Пелц во Палм Бич на Флроида, место кое вреди 103 милиони долари. На церемонијата имаше повеќе од 300 гости.

Share
Scroll to Top