Мотоциклист од Скопје починал откако излетал од коловозот

пред 5 години

Вчера во 16.37 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес, во близина на с.Катланово, скопско, мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.П.(25) од Скопје, излетал надвор од коловозот.

Во несреќата на местото на настанот починал мотоциклистот.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Share
Scroll to Top