Можноста Ле Пен да победи на француските претседателски избори е загрижувачка перспектива за Европската унија, изјави министерот на Луксембург, Жан Аселборн.
Тој додаде дека францускиот народ треба да ја спречи победата на Марин Ле Пен.
„ Многу сум загрижен. Се надевам дека нема да ја добиеме Ле Пен за претседател на Франција“, рече Аселборн пред средбата со европските колеги во Луксембург, пренесе „Ројтерс“.
Тој додаде дека ова не само што ќе биде отстапување од основните вредности на ЕУ, туку и целосно ќе го промени нејзиниот курс. Французите мора да го спречат тоа“, рече Аселборн.