На Јутјуб каналот се појави видео од убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. Веројатно ова е снимка од камерите на „Сејф Сити“, каде точно се гледа што се случувало пред младиот ракометар да падне во бесознание и да биде пренесен во Ургентниот центар.
За случајот се приведени се две лица, од кој едната е 19 годишна девојка, а првоосомничениот е во бегство.
И хрватските медиуми ги објавија снимките од ноќта кога ракометарот е претепан.
Хрватскиот ракометар Денис Тот кој настапуваше за ракометниот клуб Бутел на 7 април годинава беше пронајден во безсознание во близина на позната дискотека во Скопје. Ден подоцна, Тот почина на клиниката за КАРИЛ како последица од падот на асфалтот.