За денеска договорени девет коридори, од Мариупол евакуација само со приватни автомобили

пред 3 години

Вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук соопшти дека за денеска се договорени девет хуманитарни коридори за евакуација на цивили, меѓу нив и од опколениот град Мариупол, но само во приватни автомобили.

Верешчук во изјавата рече дека пет од деветте коридори за евакуација од областа Луганск на истокот на земјата, за кои украинските власти тврдат дека се под силно гранатирање, пренесува „Ројтерс“.

Вчера преку хуманитарни коридори од украинските градови се евакуирани 4.354 лица, објави вицепремиерот на Украина во објава на „Телеграм“.
Меѓу нив има 556 лица кои вчера беа евакуирани од пристанишниот град Мариупол, кој е под руска блокада, пренесе британската агенција.

Share
Scroll to Top