СДСМ: Арсовска да објави каде завршија 220.000 евра за финансирање проекти од културата

пред 3 години

Данела Арсовска и Град Скопје се уште не објавуваат каде завршија од Град Скопје за Програмата за финансирање проекти од културата, вредна околу 220.000 евра, се вели во соопштението на СДСМ.

За првпат оваа година резултатите не се објавени иако во членот 7 во Јавниот повик е наведено дека Град Скопје и Арсовска имаат обврска јавно да ги објават.

Десетици здруженија, правни и физички лица кои аплицирале, деновиве реагираа дека само формално преку електронска пошта биле известени дека не добиле средства.

Од партијата наведуваат дека сето ова, отвора сомнеж и прашања дали Арсовска овие пари ги поделила на здруженија, правни и физички лица блиски до нејзината ВМРО-ДПМНЕ?

Што се обидува толку да сокрие Арсовска штом се уште нема јавно објавени резултати?

Арсовска да не бега од јавноста, туку веднаш да ги објави резултатите од Јавниот повик. Граѓаните мора да знаат на што Аровска потрошила 220.000 евра, пари од градскиот буџет, се вели во соопштението.

Share
Scroll to Top