Најголема болка е што дознав дека не си дал никаков отпор: Емотивна објава на другарката на ракометарот Денис Тот

Најголема болка е што дознав дека не си дал никаков отпор: Емотивна објава на другарката на ракометарот Денис Тот

пред 3 години

По трагичната смрт која ја вознемири јавноста, вчера се појави и снимка од надзорните камери, на кои се гледа трагичниот настан пред клубот „Привилиџ“ во Скопје, каде до смрт беше претепан хрватскиот ракометар Денис Тот. На снимката се гледа дека младиот ракометар е претепан пред клубот, двајца се во приотвор, од кој едната е 19 годишна девојка, а првосомничениот се уште е во бегство. По ова се огласи неговата добра пријателка од Македонија, Стефанија Трајческа.

„Најголема болка осетив во моментот кога прочитав дека ни си дал никаков отпор. Тоа е затоа што си ти. Затоа што не си таков човек, воопшто не ме изненади, напротив уште повеќе ме боли што им дозволи и што остана душа од човек до последен здив. Знам дека си на помирно место во кое што нема никаква злоба како на овој свет, мил мој пријателе. До наредно видување. „Тужно лето“ секогаш ќе биде наша песна.  Те молам мавни ми од зад облаци, а мене времето ќе ме научи како да се носам со оваа болка и неправда’, вели Стефанија.

г

 

Share
Scroll to Top