Националниот ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“ на 19 април ќе одржи голем велигденски концерт во МНТ.
На концертот, кој традиционално се одржува секоја година, ќе биде изведена интересна играорна и вокално-инструментална програма од различни региони на земјата на кои се создавало македонското фолклорно богатство. На концертот ќе можат да се видат кореографии како „Малешевка“, „Сретсело“, „Копачија“.
Концертот под мотото „Печат на времето“, почнува во 20 часот, а картите се веќе пуштени во продажба.