Шведска ќе поднесе барање за влез во НАТО, пишува шведски весник

пред 4 години

Шведска ќе поднесе барање за членство во НАТО, објави шведскиот весник Svenska Dagbladet.

Целта на шведската премиерка Магдалена Андерсон е Шведска да стане членка на НАТО во јуни оваа година, велат извори за весникот.

Претходно Русија се закани во случај Шведска и Финска да влезат во НАТО.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи најави „политички и воени последици“ доколку Шведска и Финска се приклучат на Алијансата.

Share
Scroll to Top