(Видео) Кузеска: Партијата со бел дворец, но со црна листа и натаму е управувана од Груевски

пред 4 години

Само една недела по посетата на Христијан Мицкоски на Унгарија, САД објавија дека неговиот шеф, Никола Груевски, е ставен на „црната листа“, посочи на денешната прес-конференција, Богданка Кузеска од СДСМ.

Според партиската портпаролка, новина во целата ситуација е фирмата на Никола Груевски за која, како што рече, треба да се утврди дали е поврзана со сомнителни финансирања по неговото бегство.

„Ова се случува во време кога Мицкоски оди во посета на Унгарија, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ги блокираат законите за Академијата за судии и обвинители.

Се противеа на Законот за јавно обвинителство, затоа го блокираа изборот на нов Јавен обвинител.

Нема појасен заклучок. Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето, тоа е истата криминална партија

Очигледно оваа партија со бел дворец ама со црна листа, се уште вистински е управувана од Никола Груевски“, истакна Кузеска и повика Мицкоски да излезе пред граѓаните и да каже што знаел за, како што рече, матните зделки на Никола Груевски.

„Дали стравува дека и тој би можел да се најде на црната листа? Тоа треба да одговори самиот Мицкоски“, посочи портпаролката на СДСМ.

Share
Scroll to Top