Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека го продолжил постојаниот дијалог со американскиот претседател Џо Бајден и дека во денешниот телефонски разговор разговарале за руските воени злосторства и дополнителен пакет помош за неговата земја.
– Разговаравме за руските воени злосторства и разговаравме за дополнителен пакет одбранбена помош како и за можна макрофинансиска помош. Се договоривме да ги зајакнеме санкциите – напиша Зеленски на Твитер по повод телефонскиот разговор со американскиот лидер.
Continued constant dialogue with @POTUS. Assessed Russian war crimes. Discussed additional package of defensive and possible macro-financial aid ??. Agreed to enhance sanctions.
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) April 13, 2022