Германците го осудија Зеленски: Отфрлањето на Штајнмаер е отфрлање на Германија

пред 3 години

Во Германија продолжуваат критиките кон претседателот на Украина, Володимир Зеленски, и неговата одлука да не го прими во посета шефот на германската држава, Франк-Валтер Штајнмаер.

Германскиот вицеканцелар, Роберт Хабек, изјави дека претседателот ја претставува Германија и дека неговото одбивање значи отфрлање на Германија.

„За жал, морам да кажам дека украинската страна направи дипломатска грешка“, истакна Хабек за медиумската групација „Функе“.

Share
Scroll to Top