Советникот на началникот на кабинетот на украинскиот претседател, Олексеј Арестович, се закани дека ќе ѝ возврати на Москва во случај на руски напад врз Киев.
Реагирајќи на предупредувањето на Министерството за одбрана на Русија дека ќе ги нападне центрите каде се носат одлуките, вклучително и Киев, Арестович за каналот Fagin Live изјави дека Украина ќе возврати, пренесува UNIAN.
Според Арестович, Украина е подготвена за таква ситуација, бидејќи се може да се очекува од Кремљ.
– Веднаш да кажам дека имаме големи можности да и возвратиме на Русија. А тоа што сеуште не ги користиме, па, секоја војна има одреден степен на ескалација. Ако сакаат ескалација, да ескалираме – рече Арестовиќ.
Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков вчера изјави дека доколку продолжат обидите на украинските сили да нападнат руска територија, руската војска ќе изврши напади врз центрите за одлучување, вклучително и Киев.