Илон Маск понуди 41,4 милијарди долари за купување на „Твитер“

пред 3 години

Претприемачот и најбогат човек на светот, Илон Маск понуди 41,4 милијарди долари за да ја купи социјалната мрежа „Твитер“.

Соопштението на американскиот регулатор покажува дека Маск понудил 54,2 долари по акција на „Твитер“, што е за 38% повеќе од цената на акцијата на 1 април. Тоа беше последниот ден на тргување со акциите на „Твитер“ на берзата пред основачот на „Тесла“ и „Спејс“ да купи повеќе од 9% од акциите на „Твитер“, што го прави еден од најголемите акционери на оваа социјална мрежа.

Share
Scroll to Top