Морал и одговорност во оваа влада нема, оставка на Спасовски после сите скандали во изминатиот период во МВР е најмалиот чин кој што треба да се случи, изјави при денешната посета на општина Василево, во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање.
Тој порача дека во оваа влада моралниот чин и одговорноста недостасуваат.
„Да имаше одговорност ќе си имаше поднесено оставка, но за жал во оваа влада моралниот чин е нешто што недостасува, одговорност е нешто што недостасува. Ова не е прв скандал во Министерството за внатрешни работи. Да потсетам за издадени 215 пасоши на практично нема член од било која светска мафија која што нема добиено македонски фалсификуван пасош, да не зборуваме за дрогата која што беше фатена и во која што директно беа вклучени полициски началници, да не зборуваме за секојдневната корупција која што се случува во македонската полиција, така што оставка е најмалиот морален чин кој што може да се случи после се ова што се случува во министерството за внатрешни работи“, нагласи Николоски.