Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека ниту непријателските земји не успеале да престанат да користат руски гас.
Руски „Гаспром“ претходно објави дека редовно испорачува гас на Европа. Во исто време, на Запад се зголемуваат повиците Европа да се ослободи од зависноста од рускиот гас.
„Има доцнење на плаќањата за гас и нафта“
Путин додаде дека „има доцнења во плаќањата за гас и нафта (откако побараа од таканаречените непријателски земји да го платат рускиот гас во рубли,), додавајќи дека руските гасни компании се „одговорни играчи“ на светскиот пазар.
Тој ја обвини Америка дека го продава својот гас по повисоки цени од Русија, додавајќи дека испораките на руски гас се „евтини и стабилни“. Тој тврди дека „Европа го дестабилизира енергетскиот пазар со забрани за увоз“, додавајќи дека „Русија треба да го диверзифицира својот извоз на енергија во Азија“.