Кривична за тетовци за кражба на струја

пред 3 години

Жител на тетовското село Боговиње е фатен како краде струја. Тој поврзал кабел и користел струја без да се мери во електричното броило.

На 10.02.2022, вработени во ЕВН Македонија – КЕЦ Тетово, во содејство со екипа на СВР Тетово извршиле контрола и било констатирано дека пријавениот пред електричното броило поврзал кабел и користел електрична енергија без да се мери во електричното броило. На тој начин тој предизвикал материјална штета од околу 28.500 денари.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.З.(53) од с.Боговиње, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Џ.(41) од с.Боговиње, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“. При редовна контрола на вработените на ЕВН Македонија – КЕЦ Тетово, било утврдено дека пријавениот пред електричното броило поврзал кабел и користел електрична енергија без да се мери во електричното броило. На тој начин тој предизвикал материјална штета од околу 14.000 денари.

Share
Scroll to Top