НАСА со телескоп Хабл забележа комета чие јадро е 50 пати поголемо од неговата вообичаена големина. Забележанa е како се движи покрај Земјата со брзина од 35.400 километри на час.
Масата на јадрото е 500 трилиони тони и е широко 137 километри. Најблиску до Сонцето ќе биде во 2031 година, а растојанието ќе биде 1,6 милијарди километри. Во моментов е на нешто помалку од 3,2 милијарди километри од Сонцето.
Оваа комета всушност беше забележана за прв пат во 2010 година, но сега, благодарение на вселенскиот телескоп Хабл, се знае многу повеќе за неа. Тоа е најголемата комета досега.
Професорот од Универзитетот во Калифорнија, Дејвид Џевит, изјави дека од почетокот се претпоставувало дека се работи за екстремно голема комета и дека тоа сега е потврдено.
НАСА објави дека ја идентификувале астрономите Педро Бернардинели и Гери Бернштајн. Опишана е како ледена лего коцка, остаток од времето кога била формирана планетата, јавува Би-Би-Си.