Ако не се предадете сите ќе бидете убиени, Русите им се заканија на Украинците кои и понатаму даваат отпор

Ако не се предадете сите ќе бидете убиени, Русите им се заканија на Украинците кои и понатаму даваат отпор

пред 3 години

Министерството за одбрана на Русија се закани со елиминација на сите војници во Украина кои даваат отпор и кои и понатаму се борат во опколениот град Мариупол на југозападот на Украина.

Ваквата закана стигна откако Украинците го игнорираа ултиматумот за нивно предавање. Во руското соопштение е наведено дека укранските војници се опколени во големите челичарници во градот и биле повикани доброволно да го предадат оружјето и да се предадат за да се спасат.

Од Руското министерство тврдат дека киевскиот националистички режим, според пресретнатите радио сигнали, им забранил на војниците да преговараат за предавање.

Министерството исто така тврди дека според украинските војници кои претходно се предале, има до 400 странски платеници кои им се приклучиле на украинските сили и кои се заробени во фабриката за челик, а меѓу нив има и платеници кои дошле од Европа и Канада.

„Во случај на понатамошен отпир, сите ќе бидат елиминирани“, е наведено во соопштението.

Министерството за одбрана тврди дека во последните руски напади уништени се над десетина воени објекти на истокот на Украина. Меѓу нив има и магацини со гориво и муниција, околу Северодонецк, Кремена и други градови во регионите на Луганск и Доњецк.

Исто така, Министерството тврди дека рускиот систем за противвоздушна одбрана соборил 10 украински беспилотни летала во регионот на Донбас.


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top