Естонија денеска им забрани на бродовите што пловат под руско знаме да влезат на нејзините пристаништа на Балтичкото Море.
Одлуката е донесена во согласност со петтиот пакет санкции на ЕУ против Москва, поради инвазијата врз Украина.
Министерството за економија и инфраструктура на Естонија соопшти дека естонските пристаништа се затворени и за бродови кои го смениле знамето од руско во друго од почетокот на инвазијата.
Претходно денеска, иста забрана воведе и Бугарија.