Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека го поканил Емануел Макрон да дојде во Украина и лично да се увери дека руските сили вршат геноцид, термин што неговиот француски колега досега одбиваше да го користи.
„Разговарав со Емануел“, рече Зеленски во интервју за американската мрежа Си-Ен-Ен.
„Мислам дека сака да ја охрабри Русија на дијалог“, додаде тој, објаснувајќи го одбивањето на францускиот лидер да го осуди „геноцидот“ во Украина, за разлика од американскиот претседател Џо Бајден.
Украинскиот претседател во средата рече дека одбивањето на францускиот колега е „многу болно“.
„Му реков дека би сакал да разбере дека ова не е војна, дека ова не е ништо друго освен геноцид. Го поканив да дојде кога ќе има прилика. Ќе дојде да види, сигурен сум дека тогаш ќе разбере“, изјави Зеленски за Си-Ен-Ен.
Емануел Макрон, кој е во екот на кампањата за втор претседателски мандат на изборите следната недела во Франција, во четвртокот рече дека правните експерти, а не политичарите, мора да проценат дали станува збор за геноцид и дека „учеството во вербална ескалација“ нема да и помогне на Украина.