Итна евакуација на населението во Луганск

пред 3 години

Жителите на областа Луганск во источна Украина се повикани веднаш да се евакуираат.

„Следната недела може да биде тешка. Ова може да биде последна шанса да ве спасиме“, рече шефот на регионалната управа на Луганск, Сергеј Гаидаи, цитиран од Би-Би-Си.

Во фокусот на руските сили е окупацијата на Луганск и Доњецк, кои се дел од регионот Донбас во источна Украина, област богата со јаглен во која се произведува и челик, се наведува во извештајот на украинската новинска агенција УНИАН.