Poco на 26 април ќе го претстави својот најнов телефон „flagship killer“, а тоа е моделот Poco F4 GT.
Се очекува Poco F4 GT да биде ребрендиран Redmi K50 Gaming, а ова дополнително го сугерира најновиот список на Geekbench на кој се појави телефонот. Телефонот се напојува со чипсет Qualcomm Snapdragon 8 Gen 1.
Are you guys looking forward to the POCO G4 GT? Because we certainly are! ? #POCOF4GThttps://t.co/aulcFAWbO6 pic.twitter.com/zELy4FM3JQ
— Playfuldroid! (@playfuldroid) April 15, 2022
Споменатиот премиум чип постигна 1235 поени во едно-јадрениот тест или 3555 поени во тестот со повеќе јадра. Користеше оперативен систем Андроид 12, со интерфејс Xiaomi MIUI 13.
За останатите спецификации на телефонот дознавме малку порано, па така Poco F4 GT ќе има 6,67-инчен OLED екран со FHD + резолуција и стапка на освежување од 120 Hz. Системот на камерата ќе се состои од главен сензор од 64 MP (Sony IMX686), ултра широка камера од 8 MP и макро сензор од 2 MP на задната страна. Од предната страна се очекува селфи камера од 20 MP.
Уредот ќе се напојува од батерија од 4700 mAh, со поддршка за брзо полнење од 120 W. Се очекува да биде достапен во варијанти со 8 GB RAM и 128 GB простор за складирање податоци и 12 GB RAM и 256 GB простор.
Останува само Poco да открие информации за цената и достапноста на телефонот Poco F4 GT.