(Видео) Украинците објавија снимка од уапсен олигарх близок до Путин кој моли за размена

пред 3 години

Украинските власти објавија снимка од уапсениот Виктор Медведчук, олигарх и човек на Путин во Украина, кој бил уапсен минатата недела.

Во видеото тој бара од Путин да организира размена со заробените војници и жителите на Мариупол. Тој им се обраќа на Путин и Зеленски.

Во видеото додава дека Мариупол е блокиран.

$bp(“Brid_50279428”, {“id”:”26456″,”width”:”800″,”height”:”400″,”video”:”994917″,”autoplay”:0,”shared”:true});

Виктор Медведчук е роден во 1954 година во Сибир, каде што неговите родители биле протерани откако неговиот татко бил осуден за соработка со нацистите за време на окупацијата на Украина. Работел како адвокат, а подоцна влегол во политиката.

Медведчук е лидер на Опозициската платформа за живот, најголемата опозициска партија во Украина. Во март, партијата беше една од неколкуте суспендирани од Зеленски поради врски со Русија. Тој беше споменуван како еден од фаворитите на Путин да ја земе власта во Киев во случај Русија да успее да го преземе градот. Медведчук вели дека рускиот претседател Владимир Путин е кум на неговата ќерка.

Украинските власти го ставија Медведчук во домашен притвор, но тој избега три дена откако Русија ја нападна Украина на 24. февруари. До денешното соопштение не се знаеше каде се наоѓа.

Медведчук е познат како еден од најголемите противници на Европската унија, која своевремено ја споредуваше со нацистичка Германија. Тој е обвинуван за организирање протести за поддршка на Русија и тогашниот претседател Јанукович, но никогаш не биле пронајдени докази за таквите тврдења.

„Форбс“ неговото богатство го проценува на половина милијарда долари.

Сопственик е на мегајахтата The Royal Romance долга 92 метра, која со години е закотвена во центарот на Риека. Пред неколку недели таа јахта, како што тогаш пишуваше „Нови лист“, го напуштила пристаништето во Риека и отишла на пристаништето во Трогир.

Магазинот „Тајм“ во февруари, пред инвазијата, објави напис за пријателството меѓу Медведчук и Путин. Ова е дел од статијата:

„Тие се одмараат заедно на Црното Море. Тераат бизнис. Опседнати се со врските меѓу нивните земји и западните сили кои ги гледаат како сили на раздорот“.