Трет ден нема договор за хуманитарен коридор

пред 3 години

Украина трет ден по ред не може да обезбеди договор со Русија за воспоставување хуманитарни коридори за евакуација на цивилите кои се блокирани во градовите и населбите поради војната, изјави денеска вицепремиерката Ирина Верешчук, пренесува „Ројтерс“.

Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека руските сили започнале офанзива по целата линија на фронтот на југот и на истокот на Украина, пренесе агенцијата Интерфакс.

Се наведува дека напорите на руските сили се насочени кон заземање на Мариупол и достигнување до административната граница на регионот Керсон.

Нагласено е и дека во текот на претходниот ден руските ракетни напади се интензивирани врз цели во западните региони на Украина.

Хуманитарните коридори последен пат беа отворени пред три дена, кога беа договорени девет рути за евакуација на цивили, наведува британската агенција.

Share
Scroll to Top