Победникот во квизот „Сложувалка“, рече дека почнал да добива закани на „Фејсбук“

Победникот во квизот „Сложувалка“, рече дека почнал да добива закани на „Фејсбук“

пред 2 години

Победникот во квизовите „Потера“ и „Сложувалка“, Арсениј Арсиќ, почнал да добива смртни закани од непознат човек на „Фејсбук“. Тој ги објавил пораките и рече дека ги добил само затоа што победил во квизовите кои ги играл на интернет.

„Да ти умре мајка ти, а татко ти да остане неподвижен. Да даде Господ да не дочекаш уште едно утро“, се само некои од пораките кои ги примил откако победил во квизовите со само пет поени разлика.

Арсениј за „Објектив“ рече дека целата приказна на почетокот му била смешна, но и дека човекот кој му се заканувал го пријавил на „Фејсбук“. Засега нема намера да покрене било каква постапка против него.

 

Share
Scroll to Top