Почина холивудскиот актер Рио Хакфорд

Почина холивудскиот актер Рио Хакфорд

пред 2 години

Актерот и сопственик на неколку клубови, Рио Хакфорд, почина на 53 години. Причината за неговата смрт сè уште не е откриена, но неговиот брат Алекс им откри на американските медиуми дека Рио починал на плажата Ханингтон откако некое време бил болен.

Рио е најстариот син на режисерот Тејлор Хакфорд, а е посинок на познатата британска глумица Хелен Мирен.

Глумеше во бројни филмови и серии. Актерската кариера ја започна со мала улога во класиката „Убава жена“ во 1990 година, а веднаш потоа се појави во неколку серии. Последниве години немаше некоја голема улога, иако глумеше во хит-серијата „Мандалориан“, а последната улога ја имаше во серијата „Пам и Томи“.

 

Share
Scroll to Top