Македонката Ива Пројковска ќе суди на женското Европско првенство во Англија

пред 3 години

Најдобрата македонска фудбалска судијка, Ива Пројковска, ќе суди натпревари на годинешното Европско фудбалско првенство за жени што ќе се игра во Англија. Од ФФМ велат дека УЕФА ѝ даде големо признание на македонската судијка со тоа што ја стави на списокот судии за шампионатот на кој ќе играат најдобрите женски репрезентации.

Пројковска веќе подолго време суди на најпрестижните натпреварувања во женскиот фудбал

Првенството во Англија ќе се одржи од 6 до 31 јули.

Share
Scroll to Top