Каевски треба да се описмени и да осознае која е причината за поставување восочни фигури низ музеите ширум светот, велат од ВМРО-ДПМНЕ откако портпаролот на СДСМ обвини дека токму оваа партија за време на, како што кажа, 11-годишниот режим поставувала восочни фигури и се обидувала да ги рехабилитира ликот и делото на Ванчо Михајлов.
Но, од опозициската партија го обвинуваат актуелниот премиер Димитар Ковачевски дека дозволил промоција на фашизам од Бугарија во Битола.
„Владата на СДСМ и ДУИ поддржува фашизоидни тенденции, а Ковачевски дозволил да се отвори клуб ‘Ванчо Михајлов’ мислејќи дека ќе помине незабележливо.
Откако јавноста силно се крена против отворањето на клубот, Ковачевски излезе со однапред снимено видео, 4 дена по настанот и глуми загрижен“, се наведува во партиската реакција во која се додава дека СДСМ и ДУИ се спремни на сè , само да останат на власт.