Четворица рудари загинаа при експлозија во рудник за јаглен во Полска

пред 3 години

Во експлозии на метан во рудник за јаглен во јужна Полска загинаа четири лица, 19 се повредени, а седум се водат како исчезнати, соопштија денеска властите.

Експлозиите се случиле во вторникот, 15 минути по полноќ по локално време, на околу илјада метри под површината во рудникот Пњовек во Павловице, со кој управува рударската компанија Јастржебска Сполка Веглова (ЈСВ), пренесува агенцијата АП.

Според официјални лица од ЈСВ, поради пожарот и потребата да се заштитат спасувачите, морала да биде прекината итната спасувачка операција со 13 спасувачки единици.

Share
Scroll to Top