Навивачите на Ливерпул вчеравечер го запреа натпреварот Ливерпул – Манчестер и ја запеаја песната You’ll Never Walk Alone во знак на поддршка за Кристијано Роналдо кој пред неколку дена го загуби синот. Ова беше изненадување за многумина, бидејќи двата клуба и нивните навивачи важат за големи ривали. Од Манчестер претходно најавија дека поради семејната загуба Кристијано ќе го пропушти натпреварот на Енфилд роуд.
Навивачите и на Ливерпул и на Манчестер, за да изразат сочувство, во седмата минута го запреа натпреварот и почнаа да го пеат рефренот од познатата песна, а завршија со аплауз.
A massive round of applause in the 7th minute at Anfield for @Cristiano, followed by the singing of You’ll Never Walk Alone. pic.twitter.com/byIY8UyPQf
— This Is Anfield (@thisisanfield) April 19, 2022