Соединетите Американски Држави ќе испратат уште оружје во Украина во вредност од 800 милиони долари, изјави американскиот претседател, Џо Бајден.
Бајден рече дека безбедносниот пакет за Украина вклучува тешка артилерија, десетици хаубици и 144.000 парчиња муниција за тие хаубици, пренесе Си-ен-би-си.
$bp(“Brid_50552774”, {“id”:”26456″,”width”:”800″,”height”:”400″,”video”:”997344″,”autoplay”:0,”shared”:true});
Најновиот безбедносен пакет вклучува и тактички дронови. Оружјето ќе се испрати за Украина во време кога западните разузнавачки служби предупредуваат на засилена руска офанзива во источна и јужна Украина.