„Циркузи“ на Циципас-Алкараз во Барселона

„Циркузи“ на Циципас-Алкараз во Барселона

пред 3 години

Четврт-финалниот меч на Барселона опен помеѓу новата шпанска тениска надеж Карлос Алкараз и неодамна крунисаниот шампион од Монте Карло, Стефанос Циципас, покрај одличниот тенис донесе и нова „епизода“ за тоалетните паузи во тенисот, но интересно овојпат тој што ги прекршува правилата постојано, Циципас не беше виновен.

Мечот носеше доста негативна енергија уште во првиот сет, кога при сет поен на Алкараз, Циципас упати намерно топче директно во телото на шпанскиот ривал. Циципас се врати да го освои вториот сет пред публиката која очигледно не го поддржуваше, за потоа да се случи инцидент и во третиот.

Тогаш пред третиот сет, Алкараз отиде на тоалет пауза, која траеше повеќе од седум минути, лутејќи го Циципас. Гркот по ова не успеа да се помири и кога губеше со 3:0, се искара со судијата на столче, добивајќи казнен поен. Од оваа ситуација, Циципас не се врати и на крајот го загуби мечот со 4:6/7:5/6:2.

Алкараз во полуфиналето ќе игра со 10. носител, Австралиецот Алекс де Минаур.

Share
Scroll to Top