Градоначалникот на Мариупол: Застрашувачки е бројот на убиени во опколениот град

пред 2 години

Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко, зборуваше за извештаите за злосторствата што се случуваат во опколениот град.

– Веќе има изјави на очевидци, граѓани на Мариупол за злосторствата што ги виделе и, за жал, сè уште ги гледаат – рече тој.

Тој вели дека застрашувачки е бројот на убиените во Мариупол, „над 20.000“, пренесува Би-би-си.

Тој рече дека сателитски снимки од Maxar Technologies покажуваат масовни гробници, додавајќи дека „има некои нови докази што ги добивме денес од друга област“.

Тој рече дека руските војници намерно „го уништуваат градот и неговите жители“.

– Тие го извршија овој геноцид затворајќи го градот и употребија прво копнена артилерија и воздушни напади, а потоа и бродови. Ова е воено злосторство и геноцид врз граѓаните на Мариупол – рече Бојченко.

Share
Scroll to Top