Медведев и се заканува на Европа: Знаете ли што ќе ви се случи ако воведете ембарго за руски гас

пред 3 години

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев и актуелниот заменик-претседател на Советот за безбедност на Руската Федерација на апликацијата Телеграм порачаа дека Европа, доколку воведе ембарго за увоз на руски гас, нема да издржи ниту седум дена без тој извор на енергија.

– Ја цениме доследноста и принципиелноста на нашите европски партнери. Особено кога ќе ги земеме предвид најновите податоци на Меѓународниот монетарен фонд дека Европа може да издржи не повеќе од шест месеци без руски гас. Но, ако сме искрени, тој тешко може да издржи седум дена – напиша Медведев на Телеграм.

Тој напиша и дека Европската комисија дозволила дури и гасот да се плаќа во рубли, што, како што тврди, докажува дека указот на рускиот претседател Владимир Путин за прашањето на плаќањата во руската национална валута всушност може да се примени и на европскиот бизнис.

Во времето кога стана претседател на Русија, Медведев беше познат како личност со која Западот можеше да оствари квалитетна соработка, но од почетокот на инвазијата на Украина тој се претвори во еден од главните московски „јастреби“ кој ја предупредува и се заканува Европа речиси секој ден.

Share
Scroll to Top