(Од минута во минута) Премиерот на Украина: Мариупол е катастрофа на векот, британски специјални сили слетаа во западна Украина

пред 3 години

Специјалната операција на руската армија во Украина денеска влезе во својот 59. ден

Клучни настани

Слетување на британските специјални сили во западна Украина

Молдавија го покани рускиот амбасадор на разговор

Премиерот на Украина: Мариупол е катастрофа на векот

Гутереш во посета на Украина

Од минута во минута:

09.45 Молдавија го покани рускиот амбасадор на разговор

Министерството за надворешни работи на Молдавија го повика московскиот амбасадор да изрази „длабока загриженост“ поради коментарите на високиот воен командант, кој укажа на угнетувањето на населението во земјата што зборува руски.

09.40 Премиерот на Украина: Мариупол е катастрофа на векот

Украинскиот премиер Денис Шмихал ја нарече ситуацијата во Мариупол „најголемата хуманитарна катастрофа“ од почетокот на руската специјална операција во Украина.

09.30 Гутереш во посета на Украина

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш следната недела ќе го посети Киев, соопшти прес-службата на Светската организација

09.20 Претставник на руската војска тврди: Британските специјални сили слетаа над регионот Лавов во Украина

Најмалку две групи од околу 20 експерти за диверзантска и партизанска борба од Специјалната воздушна служба на британските воздухопловни сили слетаа над регионот Лавов во Украина, изјави неименуван претставник на руската армија

08.20 Медведев и се заканува на Европа: Знаете ли што ќе ви се случи ако воведете ембарго за руски гас

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев и актуелниот заменик-претседател на Советот за безбедност на Руската Федерација на апликацијата Телеграм порачаа дека Европа, доколку воведе ембарго за увоз на руски гас, нема да издржи ниту седум дена без тој извор на енергија

08.10 Градоначалникот на Мариупол: Застрашувачки е бројот на убиени во опколениот град

Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко, зборуваше за извештаите за злосторствата што се случуваат во опколениот град.

08.00 Зеленски: Ќе се браниме се додека е потребно за да ја разбиеме оваа амбиција на Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги коментираше изјавите на рускиот командант, кој рече дека Москва сака да ја преземе контролата врз јужна Украина бидејќи тоа ќе овозможи пристап до сепаратистичкиот регион Придњестровје во Молдавија.