ВМРО-ДПМНЕ: Во овие тешки времиња повикуваме на истрајност и разум, да надвладее доброто наспроти лошото

пред 3 години

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани кои се од православна вероисповед им го честита најголемиот христијански празник Христовото Воскресение – Велигден, со најискрена желба за добро здравје, љубов, мир, спокој, благосостојба и радост во секој дом.

„ Христовото Воскресение е триумф на победа на животот над смртта, доброто над злото, и со тоа Исус ја докажал божествената моќ и го осветлил патот на иднината. За нас христијаните овој Голем ден – Велигден значи живот и надеж и не потсетува дека само со верба кон Бога, со мир во душата, со трпение, меѓусебно почитување, толеранција, труд и работа ќе постигнеме напредок за државата и подобар живот за сите граѓани.

Во овие тешки времиња, ВМРО-ДПМНЕ повикува на истрајност и разум, да надвладее доброто наспроти лошото, правдата да ја победи неправдата и сите заедно сплотени и посветени да го победиме злото и да донесеме посветла иднина.

Воедно да ги спомнеме луѓето кои се соочуваат со сиромаштија, предизвици, ВМРО-ДПМНЕ ја разбира маката и сочувствува со секој еден граѓанин кој се соочува со тешката реалност, згазено достоинство, неправда, но заедно ќе ги надминеме овие премрежија со кои се соочуваме.

Сите заедно да работиме и да се избориме за подобар и поквалитетен живот, за повисок стандард, за подобар живот, за зачувана и исправена татковина, зошто само така ќе успееме да создадеме подобра иднина во која сегашните и идните генерации ќе го градат својот живот во модерна и напредна Македонија.

Воедно, да го прославиме Велигден во духот на православните обичаи, споделувајќи радост и љубов. Имајте убави празнични денови исполнети со духовен мир, хармонија, и добро здравје. Нека ни е честит големиот празник Велигден и нека е за многу години овој ден“ се вели во честитката.

Share
Scroll to Top