Тоби Кејт е најстарото куче чивава во светот. Тој е роден на 9 јануари 2001 година, а неговата сопственичка Гизела Шор го вдомила кога имал само неколку месеци. Таа го земала од двојка која повеќе не сакала да се грижи за него.
Шор за долговечноста на Тоби вели дека е резултат на добрата генетика, здравата исхрана и топлиот дом, кој таа му го дава повеќе од две децении. Имајќи го во предвид фактот дека животниот век на една чивава е меѓу 12 и 18 години, Гизела сватила дека нејзиниот миленик би можел да биде најстариот на свет, сега кога наполнил две децении.
„Тоби е прилично со добро здравје, со оглед на годините кои ги има. Обожава да спие“, рече Шор и додаде дека Тоби бил исклучително дружељубив и дека времето го минува со неговите пријатели, седумгодишниот американски булдог Луна, кинеското куче Лала и 32 годишниот папагал Коки.