Либанската армија спаси 48 лица откако брод кој се обидуваше да побегне од земјата потона во близина на брегот на Триполи.
Бродот на кој имало 60 луѓе, потонал во саботата поради големи бранови и преоптоварување.
Во тек е акцијата за спасување на преостанатите патници кои во моментов се водат како исчезнати.
Спасувачите пронајдоа осум тела во неделата, меѓу кои и тело на девојче кое беше извлечено од морето во саботата.
Армијата соопшти дека либански државјанин е приведен поради сомнение дека е вмешан во криумчарење мигранти.
Бродот превезувал либански и странски мигранти кои сакале да стигнат до бреговите на европските земји.
Либанскиот претседател Мишел Аун нареди истрага.