Димитриевски и Рајо се кошмар за Барса – голема победа на „Ноу Камп“

Димитриевски и Рајо се кошмар за Барса – голема победа на „Ноу Камп“

пред 2 години

Рајо Валјекано на македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски се покажа како „пеницилин“ за Барселона оваа сезона, стигнувајќи до славна 1:0 победа на „Ноу Камп“ за втора победа над нив оваа сезона и практично предавајќи му ја титулата на Реал Мадрид, кому сега му треба само еден поен за да ја потврди шпанската круна.

Алваро Гарсија веќе во 7. минута ги разочара домашните навивачи, совладувајќи го Марк-Андре Тер Штеген, по што одбраната на Рајо, како и одличниот Димитриевски на голот, осигураа да продолжи фрустрирачката низа на тимот на Чави Ернандез, кој има три домашни порази во низа – откако испадна од Лига Европа од Ајнтрахт Франкфурт, загуби и од Кадиз на својот стадион. Димитриевски во финишот имаше одлични одбрани на обидите на Мемфис Депај и Адама Траоре. На крајот, Барселона имаа 11 удари на голот, додека Рајо имаше само еден!

Рајо и во домашниот меч беше подобар од Барселона, резултат кој го чинеше Роналд Куман местото на клупата на каталонскиот гигант.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top