Хабек: Германија направи голема грешка во однос на Украина

пред 4 години

Германскиот вицеканцелар и министер за економија Роберт Хабек вели дека е грешка што Германија не ја поддржала Украина воено многу порано.

Говорејќи за германскиот јавен сервис, тој рече дека поддршката требало да започне пред многу години.

– Сигурно требаше воено да ја поддржиме Украина многу порано, и не зборувам само за денови или недели, туку години – рече Хабек.

Хабек изјави дека Германија сега е многу ангажирана и дека помага во снабдувањето на Украина со тешко оружје. Патем, германската влада вети дека ќе го зголеми својот одбранбен придонес за да ја исполни целта на НАТО од 2 отсто од БДП.

Германија го суспендираше контроверзниот гасовод Северен тек 2 од Русија.

Да потсетиме, администрацијата на поранешната канцеларка Ангела Меркел беше критикувана за нејзините врски со Русија, особено за создадената зависност на Германија од руската енергија.

Share
Scroll to Top