Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека руските сили продолжиле со ракетни и артилериски напади врз украинските позиции во областа на фабриката за челик Азовстал во Мариупол.
Продолжува гранатирањето и на Харков, пренесува Интерфакс Украина.
Се додава дека руските сили спроведуваат офанзивни акции на истокот на Украина, со цел, како што се наведува, воспоставување целосна контрола врз територијата на регионите Доњецк и Луганск и обезбедување на копнениот коридор меѓу тие територии и Крим.